Даштевски: Излезеноста до 13 часот е за шест отсто поголема во споредба со претседателските избори во 2019 година

Со 49,03% обработеност на податоците, излезеноста до 13 часот изнесува 26,35% соопшти претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски. Податоците како што рече, се од пристигнати 1720 избирачки места, а гласале 229 803 гласачи.

Прес-конференција на Државната изборна комисија за излезеноста до 13 часот

Според обработените податоци на ДИК за одзивот на гласање, најголема излезеност има во општина Новаци – 42,87% , а најмала излезеност е забележана во Врапчиште – 10,11%. Гласањето, како што кажа Даштевски се одвива мирно на сите гласачки места.

Според податоците кои тој ги соопшти, излезеноста е поголема споредбено со првиот круг претседателски избори во 2019 година.

„Споредбата со 2019, е точно за шест отсто поголема сега од 2019 година“,рече Даштевски.

До ДИК се доставени 140 приговори за заштита на избирачко право. Од нив усвоени се 16 приговори и на избирачите име е овозможено да оставарат право на глас, осум се отфрлени како неуредни, а девет се одбиени. Останатите приговори се во обработка, посочи првиот човек на ДИК.

Back to top button
Close