Дејвис: Не верувам дека некогаш ќе ја знам вистината за мојот трансфер


Навивачите на Лос Анџелес Лејкерс му оддадоа почит на Ентони Дејвис. Брилијантниот центар, иако во костум бидејќи не можеше да игра поради повреда за Далас, се согласи да зборува за Лос Анџелес Тајмс за сензационалниот трејд за Лука Дончиќ кој ја одбележа 2025 година и можеби навести нов тренд во НБА во иднина.

Искусниот центар не верува во приказните дека за трејдот знаеле само врвните оперативци на франшизата, Нико Харисон и Роб Пелинка.

-Сите велат дека никој не знаел и тоа е тоа. Јас едноставно не верувам во тоа, изјави Дејвис.

Дејвис потоа веднаш му се јавил на Леброн Џејмс за да добие дополнителни информации.

-Тој беше мој соиграч шест години. Така, првото нешто што ми падна на ум беше да му се јавам, вели тој.

Не верува дека некогаш ќе ја дознае вистинската вистина.

-Клубот мора да го направи она што треба да го направи и очигледно дека ќе го направи она што е најдобро за организацијата. Така што не знам дали некогаш ќе ја дознаам целосната вистина. Не знам што е вистина или што не е од она што доаѓа одозгора, додаде центарот.

Очигледно е дека Лејкерси и Маверикс направија се во тајност, а засега „езерџиите“ имаат корист од Дончиќ, додека Далас го чека Дејвис да се опорави од повредата во дебито

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close