Делегација на СПЦ предводена од српскиот патријарх г. г. Порфириј во посета на МПЦ-ОА од 23 до 24 мај

 

Скопје, 20 мај 2022

Со радост му соопштуваме на верниот народ дека од 23 до 24 мај 2022 година, во посета на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија ќе престојува делегација на Српската Православна Црква предводена од Неговата Светост,

На 24 мај, со почеток од 9 часот, во Соборниот храм „Св. Климент Охридски” во Скопје, Неговата Светост Српскиот Патријарх г. г. Порфириј и Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан, заедно со архијереи од двете сестрински Цркви, ќе служат Божествена Литургија.

Го повикуваме верниот народ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија да земе молитвено учество.

 

Back to top button
Close