Ден Дончев повикан да даде изјава во полициска станица Карпош

Екс директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев,  попладнево бил во полициската станица Карпош, каде бил повикан да даде изјава за снимките на кои се гледа како става пари во торба.

Од Министерството за внатрешни работи за македонските медиуми соопштија  дека Дончев не  бил приведен, туку бил уредно повикан да даде изјава за објавените снимки. Повикан бил да даде изјава во 16 часот, во полициската станица Карпош, според местото на неговото живеење, каде се задржал половина час и си заминал, без никакви мерки.

По објавувањето на снимките, Обвинителството соопшти дека нема да постапува по нецелосни снимки туку порача дека снимките треба да се достават до МВР и Обвинителство за да постапува.

По ова, МВР го повикале на распит за да утврдат од кога е снимката, а неговиот повик да даде изјава не било по налог на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција каде се водат други предистраги за Дончев.

 

 

Back to top button
Close