Денеска се регистрирани 593 случаи на Ковид-19, починаа 10 лица во изминатите 24 часа

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

– Направени се 3.391 тестирања, а регистрирани се 593 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 272, Куманово и Прилеп – по 39, Битола – 38, Велес – 27, Кавадарци – 25, Кочани – 22, Крива Паланка – 21, Тетово – 20, Штип – 15, Кичево – 10, Неготино и Пробиштип – по 8, Кратово – 7, Радовиш и Делчево – по 6, Демир Хисар – 5, Берово и Валандово – по 4, Гостивар и Гевгелија – по 3, Струмица и Крушево – по 2, Охрид, Струга, Свети Николе, Ресен, Македонски Брод, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.

– Регистрирани сe 415 оздравени пациент од: Скопје – 253, Прилеп – 23, Куманово – 21, Велес – 19, Тетово – 12, Кочани – 11, Крива Паланка, Штип и Пробиштип – по 9, Кавадарци и Струмица – по 8, Свети Николе – 6, Богданци – 5, Битола и Радовиш – по 4, Неготино – 3, Гевгелија и Виница – по 2, Кратово, Делчево, Демир Хисар, Валандово, Гостивар , Ресен и Македонска Каменица – по 1.

– Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 10 починати лица: 4 починати лица од Скопје (70г, 71г, 84г и 85г), по едно починато лице од Гостивар (77г), Кавадарци (81г), Прилеп (83г), Охрид (81г), Кочани (72г) и Штип (78г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени четири починати лица со датум на смрт од 22.10.2021 до 30.10.2021.Регистрирани се по едно починато лице од Свети Николе, Крива Паланка, Прилеп и Штип на возраст од 46 до 87 години,од кои две се починати во болнички услови ,а две се починати во домашни услови

– Направени се 3.391 тестови преку: ИЈЗ-294, ЦЈЗ Скопје-71, ЦЈЗ Битола-62, ЦЈЗ Прилеп-59,

ЦЈЗ Тетово–63, ЦЈЗ Куманово-62, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-14, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–5, Жан Митрев (Филип Втори)-79, Авицена-147, Биотек-207, Систина-69, лабораторија Лаор-105, Синлаб-16, Ремедика-15, Плодност–45, Генеа-10, Никоб лаб-302, ВФВ Медикал-51, Ели Медика-25, Ројал Медика –7, Спектра-ММ-12, Рапид Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.671.

Досега во земјата се направени вкупно 1.390.369 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 203.298, бројот на оздравени пациенти е 189.264, на починати е 7.159, а бројот на активни случаи изнесува 6.875.

 

 

Back to top button
Close