Десетици илјади лица протестираа низ повеќе градови на Германија против миграциската политика на ЦДУ
Десетици илјади лица протестираа синоќа против миграциската политика на Христијанско-демократска унија (ЦДУ), како и нејзината соработка со партијата Алтернатива за Германија (АфД) во парламентот, објавија денеска медиумите.
Протести се одржаа во многу градови, меѓу кои Ахен, Бремен, Келн, Франкфурт, Хамбург и Лајпциг, а за денеска се планирани нови демонстрации, пренесе Еуроњуз (Euronews).
Протестите се главно насочени против кандидатот за канцелар на ЦДУ, Фридрих Мерц, кој минатата недела предложи два закони против мигрантите во Бундестагот.
Мерц, кој најверојатно ќе победи на изборите на 23 февруари, го прекрши претходното ветување дека нема да соработува со екстремно десничарската партија АфД, откако ги прифати нивните гласови што му помогнаа неговите предлози да бидат усвоени во Бундестагот, потсетува Еуроњуз.
Според извештаите, најголемата европска економија е потресена откако тричлената коалиција на канцеларот Олаф Шолц се распадна на крајот на минатата година поради спор околу тоа како да се раздвижи заспаната економија.