Десетта победа во низа за Баерн

Баерн Минхен ја совлада Фортуна Дизелдорф со 5:0 вечерва во натпревар од 29-то коло на Германскиот фудбалски шампионат. Ова е десетта победа на тимот од Минхен по ред на сите натпреварувања. Две од од нив се остварени во германскиот куп и Лигата на шампионите, а останатите беа во Бундеслигата.

Вкупната гол-разлика на 10-те натпревари е 32:5.

По 29 кола, тимот на Ханс-Дитер Флик е лидер на табелата во Бундеслигата со 67 бода, десет повеќе од второпласираната Борусија Дортмунд која има и натпревар помалку.

Резултати на другите денешни натпревари од 29. коло:

Херта – Аугзбург 2:0
Мајнц – Хофенхајм 0:1
Шалке – Вердер 0:1
Волвзбург – Ајнтрахт Франкфурт 1:2.

Back to top button
Close