Десетти економски и трговски дијалог на високо ниво ЕУ-Кина
Делегација на Европската комисија, предводена од нејзиниот извршен потпретседател и еврокомесар за трговија Валдис Домбровскис од денеска до вторник ќе престојува во Кина, во чии рамки ќе учествува на 10-от Економски и трговски дијалог на високо ниво ЕУ-Кина.
Како што соопшти Европската комисија, Дијалогот, што ќе се одржи в понеделник, е можност за разговори со Кина за клучните прашања од заеднички интерес и тој ќе биде структуриран на четири главни столба – макроекономски прашања, трговија, системи за снабдување и финансиски услуги.
Предвидено е Домбровскис во Пекинг да има билатерални средби кинескиот вицепремиерот Хе Лифенг, со кого заедно и ќе претседава со Економско-трговскиот дијалог, како и со министерот за трговија Ванг Вентао.
За време на престој во Кина, Домбровскис ќе учествува и на Самитот Бунд 2023 во Шангај, а ќе се обрати и на Универзитетот Цингхуа во Пекинг. Тој ќе има и средби со европските деловни претставници во Шангај и Пекинг, а ќе ја посети и фабриката за производство на системи за сопирање „Кнор Бремсе“ во градот Сужоу