Девет месеци силувал дете помладо од 15 години, кривична пријава против маж од Куманово
СВР Куманово поднесе кривична пријава против лицето Д.Р. поради сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според пријавата, од февруари до октомври годинава, пријавениот вршел полови дејствија врз дете помладо од 15 години.






