Девојче со куршум во главата, жртва на белградскиот убиец, сè уште е во критична состојба


Професор д-р Душица Симиќ, шеф на одделот за анестезија на Детската клиника во Тиршова, за РТС вели дека девојчето со куршум во главата што не може да се извади сè уште е во критична состојба. Девојчето е една од жртвите на масакрот во белградското училиште „Владислав Рибникар“.

Лекарите се борат за нејзиниот живот, а исходот е неизвесен, додава Симиќ. Во детската болница во Тиршова се собраа анестезиолозите, меѓу кои и оние кои се грижеа за повредените во две трагедии.
Во Ургентниот центар има девет пациенти, тројца од ОУ „Владислав Рибникар“ и шест од Младеновац. Тројца пациенти се уште се во тешка состојба.

Последниот пациент од смедеревската болница е пуштен на домашно лекување.

Back to top button
Close