Димитриевски: Секој кој има комуникација со ДУИ, неприфатливо е да биде дел од Владата

Ставот на ЗНАМ, како што посочи Димитриевски, е дека секој, не само Арбен Таравари, или било која политичка партија која има отворена или затворена комуникација со „нереформираната ДУИ“ и директна или индиректна соработка со неа, е неприфатливо да биде составен дел од владиното мнозинство

Во политиката не може да се седи на две столчиња. Или можете да соработувате со власта и да се залагате за нејзините програми и политики или да соработувате со опозицијата и да станете опозиција, порача вечерва во „Само Интервју“ на Канал 5, лидерот на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски.

Ставот на ЗНАМ, како што посочи Димитриевски, е дека секој, не само Арбен Таравари, или било која политичка партија која има отворена или затворена комуникација со „нереформираната ДУИ“ и директна или индиректна соработка со неа, е неприфатливо да биде составен дел од владиното мнозинство.

Според него, „нереформираната ДУИ“ ги вклучува челните луѓе на партијата, „сите оние кои беа поврзани со коруптивните скандали во минатото, сите оние кои го политизираа независниот судски и обвинителски систем и направија целосна политизација на целиот државен апарат или партизација против која ние се бориме“.

„Не е само г. Ахмети. Таму се еден голем број политичари. Сметам дека тоа е голема политичка партија во која има голем интелектуален и кадровски потенцијал кој може да ги замени овие актуелните кои денеска таа партија ја водат од позициите таму каде што се“ рече Димитриевски.

Тој нагласи дека ЗНАМ со ВМРО-ДПМНЕ гради партнерски однос во власта, а не притисок како во минатото.

„Владината програма се имплементира во континуитет и заедно се бориме против корупцијата, како од надвор и од спротивната страна, така и во сопствените редови“ подвлече Димитриевски.

Во врска со претстојните локални избори, лидерот на ЗНАМ потенцира дека Движењето има човечки, интелектуаелен и партиски капацитет да има свој кандидат во најголем дел од општинските организации, а тоа, како што рече, се вкупно 50.

Кон крајот на јули или почетокот на август треба да се распишат локалните избори – вели Гаши

„Мислам дека до крајот на мај ќе го имаме епилогот од самите разговори и тоа ќе го соопштиме“додаде Димитриевски.

Back to top button
Close