Директорката на ОУ „Владислав Рибникар“: Немав време да се занимавам со невистините што се објавуваа

Снежана Кнежевиќ, директорката на основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, каде што се случи масовното пукање, кога ученик од седмо одделение уби осум ученици и чувар, а ранилуште шест негови соученици и наставничката по историја, вели дека досега не давала изјави, бидејќи не сакала да се занимава со невистините што ги објавуваат српските медиуми.

„Знам дека должност на секој што е на чело на јавна институција е да комуницира со медиумите, а особено сега да им се обрати, но ние сме во ситуација во која досега никој не бил“, рече Кнежевиќ за Телеграф.рс.

Директорката на ОУ „Владислав Рибникар“ објасни дека како и досега се води од етиката и дека сака достоинствено да завршат сите процеси во оваа посебна ситуација.

Таа објаснува дека сакала да ги испрати сите починати деца во вечното почивалиште и чуварот на училиштето и да ја следи состојбата на останатите ученици и наставничката кои беа ранети во овој масакр.

„По ваквите настани немав време да се занимавам со невистините што се појавија во медиумите“, истакнува Кнежевиќ, и додава дека најмногу се занимавала со процесот во кој сите во училиштето се обидуваат на најдобар можен начин да дојдат до решение. за децата.

Кнежевиќ уште еднаш побара трпение и порача дека навремено ќе одговори на сите прашања

Back to top button
Close