Директорот на ЈП ВОДОВОД Илиевски обвинува дека Управниот одбор сака да го остави Скопје без вода

Директорот на ЈП Водовод и канализација – Скопје Драган Илиевски денеска преку соопштение информира дека Управниот одбор на претпријатието донел одлука за прекинување на работниот однос на привремено вработените во претпријатието, главно технички персонал – водоинсталатери и инкасатори за кои има недостиг.

Во соопштението за јавност Илиевски посочува дека со оваа одлука на Управниот одбор се нанесува штета во работењето на претпријатието и нормалното снабдување со вода на градот.

Тој наведува дека за отпуштање на техничкиот персонал во Управниот одбор гласале претседателот на Управниот одбор Идриз Орана и членовите на Одборот од ВМРО-ДПМНЕ.

Во исто време ВМРО-ДПМНЕ е најодговорно за превработеноста во претпријатието од времето на нивното владеење, кога станува збор за вработувања на административните позиции на кои се наоѓаат нивните партиски војници. И додека претпријатието е превработено со административци, ЈП Водовод и канализација се соочува со сериозен недостаток на технички персонал како водоинсталатери и инкасатори кои сега членовите на Управен одбор ги бркаат од работа“, се вели во соопштението.

Според директорот на ЈП Водовод и канализација со оваа одлука директно се загрозува безбедноста на градот и редовната испорака на услугите до граѓаните, а за тоа според него најодговорни се членовите на Одборот од ВМРО-ДПМНЕ.

„За членовите на ВМРО-ДПМНЕ кои се дел од Управниот одбор не е важно што на овој начин директно се загрозува безбедноста на градот Скопје, но и редовната и непрекината испорака на услугите на ЈП Водовод и канализација до секој дом во главниот град. За ВМРО-ДПМНЕ единствено што е важно е непрекинати да им се нивните партиски вработувања во администрација по системот ‘клати врата, земај плата’. Кај оваа група на луѓе не постои ниту една скрупула која нема да ја погазат. Последно е прекинувањето на договорите на водоинсталатери, механичари, инженери, возачи, односно технички персонал од ЈП Водовод и канализација кои со години работат во ова претпријатие. Единствена цел на ВМРО-ДПМНЕ со оваа постапка е да се предизвика нов хаос во градот Скопје, притоа воопшто не грижејќи се за потребите на граѓаните на главниот град, нивната безбедност и со Устав загарантираното право на испорака на вода. За ВМРО-ДПМНЕ единствено е важен партискиот и политичкиот интерес“, наведува директорот на „Водовод и канализација“ во соопштението.

Back to top button
Close