Дисциплински за шестмина полицајци кои пуштиле возила и луѓе преку Блаце без проверка
За шестмина полициски службеници од граничниот премин „Долно Блаце“ ќе биде поведена постапка за утврдување дисциплинска одговорност во врска со обезбедувањето на делегацијата на претседателот на Собранието, Африм Гаши, соопшти полицијата.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР соопшти дека го расчистил случајот од 17 август 2024 на граничниот премин „Долно Блаце“ при обезбедување на делегација на претседателот на Собранието, Африм Гаши. Бил извршен увид во службените материјали, анализа на видео надзорот и извршени разговори со полициски службеници, поради сторена повреда на работниот ред и дисциплина утврдено во член 187 став 1 алинеја 10 од Законот за внатрешни работи, и член 210 став 1 алинеја 10 од Колективниот договор на МВР. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе изготви предлози за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност против полициските службеници Н.Р., М.С., А.Б., Б.А, Н.Б. и Б.С..
„Одделот констатира дека, откако делегацијата, во која како носител се јавува претседателот на Собранието, ја поминува државната граница на граничниот премин Долно Блаце на лентата за излез бр. 1, по неа поминуваат шест цивилни возила, кои во меѓу просторот на граничните премини се приклучуваат на делегацијата, без да се изврши контрола на патниците и возилата, а во одреден временски интервал сите ленти за излез од државата се затворени, при што во тој период од страна на Н.Б. (полициски службеник од обезбедувањето на претседателот на Собранието) и Б.А. (полициски службеник од ПС за ГП Долно Блаце), се извлекува возило кое е заглавено во лентата за излез бр.3 и истото се насочува кон излез бр.1 и возилото ја поминува граничната линија без да се изврши контрола на патниците и возилото.