ДОАЃА ВРЕМЕ

Ова што ВМРО-ДПМНЕ вика дека ќе учествува со министри во техничката влада, ама нема да гласа за Владата, колку и да е глупаво, не е и необјасниво, кога станува збор за лидерството на Христијан Мицкоски. Дури и ќе беше изненадување тој, барем овојпат да не биде „антипротивен“, како што е цело време додека е лидер на партијата. Сакам во НАТО, ама не сакам да гласам за уставни измени. Сакам во ЕУ, ама да не гласам за уставни измени. Всушност, ВМРО-ДПМНЕ цело време додека е во опозиција е против за сѐ и блокира сѐ.  Зошто? За секој случај.

Тоа е конзистентна политика на најголемата опозициска партија – за ништо никогаш да не се преземе одговорност, за да може секогаш некој друг да се обвини дека е виновен. И, како што е редот, сега вика: Сакам избори, сакам техничка влада, ама не сакам да гласам за техничка влада.

Која одговорност сега сака да ја избегна Мицкоски, со тоа што нема да гласа за техничка влада во која ќе има министер за внатрешни рабити, министер за труд и социјала и уште неколку заменички места во клучни министерства?

Секој ден, со години ни ја поду главата со „Сакам избори, па сакам избори“. Еве конечно, дојде време и за избори. Ама пред избори, 100 дена треба да има техничка влада. И сега да го праша некој Мицкоски: Сакаш избори, или не сакаш избори?

Нема ништо тајно во тајниот ручек на Али Ахмети, Димитар Ковачевски и Зоран Заев, што траел четири часа, за којшто некој од ДУИ се потруди да не биде таен откривајќи ја веста како ексклузива на ТВ „Клан“. Како да беше едно од низата сувопарни соопштенија со флоскули за ЕУ иднината, напишани во Кабинетот на вицепремиерот Артан Груби, дека „на средбата дискутирале за европскиот фронт и претседателските и парламентарните избори“.

Преведено, тоа значи дека СДСМ како најголема владејачка партија тргнала од ДУИ да бара помош за да не изгуби катастрофално на изборите оваа пролет. Што има европско во владеењето на ДУИ, освен приказните за ЕУ интеграцијата на министерот Бујар Османи? Што има европско во владеењето на СДСМ, освен приказните за кластерите, скринингот и фотографиите во Брисел на вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ?

Четири часа зборувале за ЕУ. А за Македонија зборувале ли? Кому ли ќе му ја продаваат приказната за европски вредности тие што дојдоа на власт ветувајќи правда, а за седум години не успеаја ни едно судење да истераат како што треба? Не само што не успеаја да ја вратат довербата во институциите и судството што беа грабнати од ВМРО-ДПМНЕ, туку и закон за намалување на казните донесоа за да не лежат тие за кои на протести се извикуваше „Ќе си лежите“.

Визионери се. Тоа се потврди така што си се обезбедија и самите во иднина да не си лежат, ако ги фатат дека краделе.

Е тоа е визијата за македонската иднина во ЕУ.

Целата колумна на Горан Михајловски на СДК.МК

 

 

Back to top button
Close