Дополнителни 205 милиони евра од ЕУ за хуманитарна помош за Украина

ЕУ денеска додели уште 205 милиони евра наменети за хуманитарна помош за Украина, со што вкупниот износ на досега издвоените европски средства за храна, вода, здравствена заштита и сместување на Украинците погодени од војната достигна 700 милиони евра.

Европската комисија соопшти дека, преку досега најголемата мобилизација на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, сите 27 земји-членки, како и Турција, Норвешка и Северна Македонија, на Украина и обезбедиле повеќе од 38 илјади тони помош во вредност од 373 милиони евра.

ЕУ, исто така, формираше центри за хуманитарна помош во Полска, Романија и Словачка за побрзо доставување на помошта, како и две складишта за хуманитарна опрема во самата Украина

Back to top button
Close