Драг Заев и мил Филипче: баталете го секретарот, има за што да тренирате “строгоќа” во Охрид!?

За да покажат колку се принципиелни, премиерот и министерот за здравство инсистираат секретарот на Општата болница во Охрид, како повластен, а и директорот на Болницата, како повластител, да повлечат санкции, затоа што, првиот, преку ред и надвор од Протоколот, се вакцинирал, додека, вториот, тоа му го овозможил, ставајќи го на списокот како медицинско, а не бил медицинско лице!

Добра намера, со тоа да се покаже, пред домашната и мегународната јавност, како во правно уредена Македонија, се спроведуваат стратегиите и протоколите.

Одлично, никаква забелешка не може да се стави на принципиелниот став на премиерот и министерот. Можеби, затоа, вчера, ден неделен од Бога даден за одмор, ова стана ударна вест во медиумите, се испонатпреварувавме – кој повеќе ќе ја осуди злоупотребата во Охрид!

Дури и тоа би било во ред, ако навистина сме уредена држава, ако држиме до принципите, до зборот: aко сме луге, затоа што, нели, за збор се држат лугето, а оние другите – за огламник!

Арно, ама имав еден соборец од Сирула, Иван Наумоски, кој знаеше да каже: “не ќе е-баш така!?

Момчево што треба да биде санкционирано, сосема случајно се презива Наумоски. Ниту сум чул досега за него, ниту сум го видел.Колку што знам не е од семејството на мојот пријател – соборец, додека беше жив, најголемиот активист на СДСМ зад касарната во Охрид – Кај Црногорцине!”.

Кај момчево, да ви кажам искрено, не гледам никаква вина. Да ме се пружи прилика и јас би застанал во редот за вакцинација. Едноставно, затоа што само еден Господ знае – дали ќе ја дочекам!?

Кабаетот е кај директорот на Болницата, кој го направил списокот за приритетната вакцинација, на што имал право и бил задолжен за тоа. Тој пак вели, дека, истото би го повторил и наведува аргументи за тоа. Се исчудува на постапките на премиерот и министерот. Тогаш, ајде да го смениме директорот, зашто, формално правно, на секретарот не му можеме ништо. Дури и да ни стапнал на партискиот жуљ!”, ќе добие на суд.

Ама, како да го смениме директорот, токму сега, кога Охрид, односно здравјето на охриѓани, им е, нели, на врвот од приритетите на премиерот и министерот. Мислам, Охрид е најзагрозениот град, особено за британската мутација.

Значи, барем во овој момент, како леб ни е потребен и директорот. Тој пак вели дека заедно со секретарот, самите влечкале боци со кислород во црвената зона – мегу заразените од панедмијата (уште облечени скафандери!), не им било испод части да земат клешти за да ја затегнат славината на чешмата! Затоа што биле и двајцата дел од Кризниот штаб, а на мајсторите им било страв!

Директорот, кој, можеби не прочитал добро што се крие зад формулацијата – медицинскии лица, доведен е во ситуација да се правда, како заедно со секретарот, во еден момент учествувале во лечењето на 111 пациенти – одеднаш! При очи и уши не му се верува: “Секој што сака имаше право да се вакцинира беше на списокот, некои не заминаа за Скопје и не можам да поверувам дека за ова се прави проблем. Ние имавме здравствен кадар кој заболе и имаше антитела и не се вакцинираше, не го зел местото на ниеден здравствен работник,” вели директорот.

Разбира се, може и вака: без секого се може! Ајде, нека го сменат директорот. Претходно го сменија директорот на Здравствениот центар. Ниту знам зошто, ниту, пак, ме интересира. Но, знам да проценам. Ако, за тоа кампањата против сменетиот директор, му беше доверена да ја води, или да се води, од едно дно место – морално и професионално, со документи, наменски, добиени од Министерството за здравство, тогаш не ми треба повеќе. Ако тоа го гледа и чита еден просечен охриѓанец – не му треба повеќе. Се му е јасно.

Ништо од бизнисот – дури и да е виновен сменетиот директор во Здравствениот дом. Ништо од бизнисот – дури и да го смениме директорот на Општата болница. Те зарем Струга е толку далеку, те охриѓани не разбраа за подвизите на директорот на струшката Општа болница!

Другарки и другари никој не се сомнева во вашите добри намери. Дури и патот до пеколот е поплочен со најдобри намери! Ама, немојте да си пукате во нога. Кој не верува, нека ги погледа фотографиите од саботата, од Градскиот плоштад, каде во 3 редици, се чекаше ред – за потпис против попис!”. Денеска, гледам – 4 пункта.

Ако им веруваме на Војводите, до денеска собрале – над 4.000 потписи. Велат: и не морате да ни верувате, но, на крајот, бројот на потпишаните ќе биде двојно поголем од бројот на членовите на ВМРО ДПМНЕ. Аргументите дека е тоа нелегитимно, смешно, надвор од процедурата – кажувајте им ги на Борче Давиткоски и Светомир Шкариќ. Кај обичниот човек, тоа не пали!А, триков, пали!

Како вие, сега, ќе тренирате строгоќа и ќе правите анти-пример и антi-херој од секретартот, односно директорот на болницата, кога до вчера, еден советник од вашето, владеачко мнозинство, во ги тепаше советниците на официјална седница на Советот!? Како ќе им објасните на охриѓани дека сте за ред и поредок, за Париз и УНЕСКО, ако оној што ви гради на диво под носот, ви беше член на Комисијата за урбанизам!? Колку пати се заколнавте, дека ќе му ја срушите пицеријата, диво подигната, под крошната на вековниот чинар и по цена на владеачкото мнозинство во локалната самоуправа во Охрид!?

Затаоa, другари, баталете ја таа работа. Ако еднаш сте ги испуштиле конците (дизгините од рака), не нипшокажувајте, и каде што не треба, колку сте принципиелни, загрижени за ред и поредок, за правда и правичност, насекаде, па и во вакцинирањето.

Ако денеска кажувате дека ви е прпа!” од Столтенберг да набавите кинеска и руска вакцина, дека вакцините ви се испретураат, толку ги имате (дури и ќеви останат неупотребени!?), те не ви треба руската (а сето тоа е виртуелно, како и целиот живот што ни е виртуечлен!), тогаш ништо од бизнисот!”.

На прагот сме од ново излегување на гласачките места. Макар тие биле само на локалу, иако сите претпоставки се создадени, да биде и на централу! Ништо не ви функционира. Расте бројот на заболените. Вирусот ја грабa третата среќа!” за да не доуништи. Србија се мобилизира, се полнат болниците во услови на милиониполовина вакцинирани. Гостинот од Островот, според изјавите на самиот министер, влегол во половината од организмите на заболените!

Опростите, ама, змајување е и забава за народ, ние сега да се расправаме дали ќе го испудиме секретарот, односно директорот во болницата во Охрид! Тоа смешно и колку да ви изглкеда принципиелно. Принципите во Охрид одавна сте ги испуштиле, или, барем, така мисли мнозинството од граѓаните. Не сакам утре (ако воопшти и се се кандидира!), да изгуби актуелниот градоначалник. Зашто и тој нема да се кандидира ако види колку е саатот!

Освен, ако не сте решиле, да најдете некој, нов Манулач, кој повторно ќе ве однесе во затворот во Шутка!

А, колку што слушам и гледам, и отпишаните на Црвениот!” ви тропаат на врата!!!

Веле Митаноски

Back to top button
Close