Драматичнo во БиХ поради обилните дождови: Реките почнаа да се излеваат (ФОТО)

Обилните врнежи од дожд што ја погодија Босна и Херцеговина во текот на ноќта предизвикаа поројни поплави во неколку градови, предизвикувајќи излевање на некои реки.

Како што може да се види од фотографиите кои мештаните ги објавија на социјалните мрежи, состојбата во Маглај е загрижувачка.

 

 

Според достапните податоци, нивото на реката Босна во последните 24 часа се искачило меѓу 80 и 140 сантиметри, во зависност од мерното место.

Поради високите водостои, водата се излеа под градскиот мост, поради што дел од регионалниот пат Добој-Завидовиќ е затворен за сообраќај.

Back to top button
Close