ДУИ на средба со американски конгресмен за Охридскиот договор

Делегација на Демократска унија за интеграција, предводена од партискиот лидер Али Ахмети,соопшти дека остварила средба со американскиот конгресмен Кит Селф.

На средбата се разговарало за политичките состојби во Македонија, значењето на Охридски рамковен договор, како и за, како што наведуваат од ДУИ, загриженоста околу неговата ерозија во институциите, стои во соопштението од ДУИ.

Во соопштението стои дека соговорниците оцениле дека Охридскиот договор останува темел на мирот, соживотот и мултиетничката демократија во државата, но и една од најзначајните стратешки инвестиции на Соединети Американски Држави во регионот.

Ахмети изразил благодарност за, како што се наведува, континуираната поддршка на САД за стабилноста, безбедноста и евро-атлантската ориентација на Македонија и Западен Балкан, стои во соопштението.

На состанокот била нагласена и потребата од заштита на демократските стандарди, почитување на Охридскиот договор и зачувување на мултиетничкиот карактер на државата како предуслов за долгорочна стабилност и европска интеграција.

Back to top button
Close