Двајца вработени во Стоматолошката комора позитивни на коронавирус

Двајца вработени во Стоматолошката комора се позитивни на коронавирус, а за уште двајца се чекаат резултатите од тестот, потврдија за НОВА, од Комората. По сознанието дека една вработена во администрација е со симптоми и докажан позитивен тест на Ковид, брисеви им биле земени на сите што биле во контакт со неа.

Еден случај е потврден, за двајца други меѓу кои и претседателот на комората се очекуваат резултати утре или задутре.

По ова, Стоматолошката комора ги затвори вратите и вечерва и со соопштение на Фејсбук извести дека ќе функционираат само по телефон или по емаил.

“Поради настанатата ситуација со добиени резултати за позитивни на корона вирус кај вработен/и во Стручната служба на Комората,како и кај член/ови на органи и тела на Комората и во очекување на резултати на тестирања на останатите вработени кои беа на работните места последниве 10-ина дена,Ве известуваме дека сите активности на Комората, до следно известување, ќе се одвиваат телефонски или по емаил“ се вели во соопштението.

Back to top button
Close