Премиер лига: Арсенал го освои пехарот, Ливерпул избори ЛШ, Вест Хем испадна

Последното коло во Премеир лигата не донесе изненадување откако најголемиот дел од позициите кои носат пласман во Европа беа познати, а Тотенхем избори опстанок – додека Вест Хем испадна.
Последното коло мина во знакот на потврдата на шампионскиот трофеј на Арсенал, 21.та асистенција на Бруно Фернандеш за Манчестер Јунајтед (рекорд), заминувањето на Мохамед Салах и Енди Робертсон од Ливерпул, како и победата на Тотенхем за опстанок во Премиер лигата.
Резултати 38.коло: Брајтон – Манчестер Јунајтед 0:3, Барнли – Вулверхемптон 1:1, Кристал Палас – Арсенал 1:2, Фулам – Њукасл 2:0, Ливерпул – Брентфорд 1:1, Манчестер Сити – Астон Вила 1:2, Нотингем Форест – Бурнемут 1:1, Сандерленд – Челзи 2:1, Тотенхем – Евертон 1:0 и Вест Хем – Лидс 3:0.
Англија во новата сезона ќе има пет екипи во Лигата на шампионите: Арсенал, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Астон Вила и Ливерпул, во Лига Европа ќе играат Бурнемут и Сандерленд, а во Конференциската лига Брајтон.
Премиер лигата ја напуштаат: Вест Хем, Барнли и Вулверхемптон, а нови членови се: Ковентри, Ипсвич и Хал.






