Двајца загинати во несреќа на Мон Блан во Франција


Две лица загинаа од паѓање на маси глечерски мраз во близина на Мон Блан на француските Алпи, пренесе ДПА.

Според локалните власти, големи парчиња мраз се одвоиле од глечерот, при што полесно е повредено уште едно лице, а четворица преживеале неповредени.

Двете жртви биле затрупани под мразот. Тие биле планинари кои сакале да се искачат на Мон Блан

Back to top button
Close