Две лица од Пехчево лишени од слобода поради неовластено поседување марихуана

 Лишени од слобода две лица од Пехчево кај кои е пронајдена марихуана која неовластено била пуштена во промет.
Случајот го потврдија од беровската полиција која информираше дека марихуаната е пронајдена кај лица на возраст од 64 и 37 години.
– На 08.09.2021, полициски службеници од ОВР Берово, ги лишиле од слобода Н.А.(64) и С.А.(37), двајцата од Пехчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, информираа од ОВР Берово.
Оттаму додадоа дека при извршениот претрес по судска наредба во домот на Н.А. и во угостителски објект била пронајдена и одземена марихуана, а по комплетирање на случајот, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Back to top button
Close