Двојничка на Елизабета Втора, Мери Рејнолдс се пензионира по смртта на кралицата

Мери Рејнолдс, професионалната двојничка на кралицата Елизабета Втора соопшти дека од почит кон покојната британска кралица, одлучила да ја напушти работата по 34 години, но сепак ќе ја чува својата „кралска“ облека во спомен на жената која и помогнала „да се чувствува како член на семејството“.

Рејнолдс (89), која живее во Епинг, Есекс, за прв пат стана двојничка на кралицата во 1988 година.Таа неколку пати ја глумела кралицата во различни филмови, а најпознатите улоги ги имала во комедијата Булси од 1990 година заедно со починатиот Роџер Мур, како и во познатата серија Доктор Ху во 1988 година.

Таа изјави дека не ја запознала Елизабета Втора.

Back to top button
Close