„Двојник“: Шест лица завршија во притвор, тројца со мерки на претпазливост

Судија на претходна постапка од Кривичниот суд Скопје вечерва го прифатил предлогот на Основното јавно обвинителство Скопје и одредил мерка притвор за осум лица осомничени за издавање на лажни пасоши во случајот „Двојник“

Според информациите, мерки на претпазливост им се изречени на двајца од осомничените, додека пак 11-тото осомничено лице е во бегство.

Станува збор за синџир за фалсификување на документи, а вклучени се и т.н курири кои откако пасошите биле изработени ги носеле до криминалците.

Акцијата во останатите земји ја спроведува Интерпол, со цел пронаоѓање на останатите носители на пасоши, чија бројка надминува 100.

Back to top button
Close