Ќе му отстапи ли Горан Милевски министерска фотелја на Ристо Пенов?

Горан Милевски потврдил дека идната недела ќе се повелече од позицијата министер за локална самоуправа, пренесува ТВ 21. Во веста не пишува дали Милевски ќе се повлече и од лидерското место во Либерално-демократската партија (ЛДП).

Во изјава за „Локално“ Милевски рекол дека после 3-годишно извршување на функцијата министер за локална самоуправа, време е за промени и на ова место да дојде друг кадар од ЛДП.

„Раздор во партијата не постои“, рекол лидерот на ЛДП, посочувајќи дека до крајот на годината треба да се одржи редовен конгрес на кој ќе се донесат клучни одлуки во партијата.

„Сите сме во редовна и нормална комуникација. До крајот на годината треба да одржеме редовен конгрес и до тогаш ќе одлучиме сите заедно што е најдобро за партијата. Има доволно време до тогаш да ја донесеме најдобрата одлука“рекол Милевски.

,,Фокус“ вчера прв објави дека Милевски се повлекува – прво од министерската функција, додека партиската, според наведеното, ќе ја извршува до следниот редовен конгрес што треба да се одржи до крајот на годинава.

Неофицијално, според ,,Фокус“, најсериозен кандидат за нов лидер на либералдемократите е потпретседателката Моника Зајкова, која е еден од двајцата пратеници на ЛДП.

Во конкуренција за нов министер од редовите на ЛДП, пак, според ,,Фокус“ се двајца кандидати, меѓу кои е и поранешниот лидер и градоначалник на Скопје, Ристо Пенов.

Back to top button
Close