Ќе се отстрануваат две од трите галии во Вардар, не плаќаат кирија на Град Скопје
Град Скопје го раскина договорот за галијата во реката Вардар кај хотелот „Холидеј ин“ односно бродот „Среќа“. По налог на градоначалникот Петре Шилегов, кој во моментов сѐ уште е на домашно лекување откако од пред десетина дена е позитивен на КОВИД-19, договорот е раскинат поради неплатена кирија за 4 месеци. Во март, исто така поради неплатена кирија е раскинат и договорот за галијата кај МЕПСО, пренесе СДК.
„Согласно одредбите од договорот ,доколку сопственикот на бродот не плати кирија за три месеци се овозможува активирање на банкарската гаранција и раскинување на договорот. Во овој случај фирмата ‘Сервис АД‘ нема платено кирија за 4 месеци. Со тоа уште еден брод од трите кои ги постави минатото раководство на Градот, а се пречка во течението на реката и при поголеми врнежи може да дојде до излевање и поплави, ќе биде отстранет“, велат за СДК од кабинетот на градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.
…