Еден загинат и петмина ранети во престрелка во близина на Сиетл


Едно лице загина, а петмина се ранети во престрелка во Рентон, предградие на Сиетл, околу 1 часот по полноќ по локално време, соопшти локалната полиција.

Во полициското соопштение се наведува дека прелиминарните податоци укажуваат дека на голем јавен собир дошло до конфликт, што ескалирал до степен да се употреби огнено оружје, при што очигледно биле вмешани поголем број осомничени, пренесува Си-Би-Ес Њуз.

Потврдено е дека едно лице им подлегнало на повредите, а петмина други се ранети и згрижени во локалната болница со прострелни рани.

Полицијата соопшти дека „не станува збор за ситуација со активен стрелец” и дека се повикани неколку безбедносни служби да помогнат во истрагата

Back to top button
Close