„Екстатични тела: Архива на перформативни квир тела во Македонија“ отворена во рамки на 30 години Северна Македонија во ОН
Кон крајот на одбележувањето на 30 години Северна Македонија во ОН отворена беше изложбата „Екстатични тела: Архива на перформативни квир тела во Македонија“ во кураторство на Славчо Димитров и Биљана Тануровска – Ќулавковска.
Изложбата ја отвори амбасадорот на Северна Македонија во Мисијата на ОН, Љубомир Данаилов – Фрчкоски кој нагласи дека изложбата, која е дел од вториот панел на Тркалезна маса – граѓанско општество и солидарност, има намера да покаже две клучни вредности на македонското општество и култура во последните години: капацитетот на граѓанското општество на земјата и покрај нелибералното традиционалистичко минато и доминантното расположение да создаде фасцинантен остров на креативност, слобода и солидарност што нè инспирира сите.
-КВИР субкултурата креира ослободувачки „начин на живот“ на поединци и групи како мапи на слободата на грдата кожа на колективистички фантазми, националистички наративи и патријахални хиерархии: соба, простор, воздух, уметност и теорија – кои се меѓу најпродуктивните и надежните во Македонија денес.
Изложбата што ќе ја видите овде е специјално куриран избор на многу пошироко истражување и изложба која беше отворена за време на 10-тото издание на „Skopje Pride Weekend“, фестивал за квир уметности, култура и теорија, организиран од Коалицијата Маргини и Центарот за поддршка на ЛГБТИ.
Оваа архива на современи квир/феминистички претстави во Северна Македонија го опфаќа периодот од последните 4 децении. Истражува и вклучува: феминистички изведби во рамките на визуелните и изведувачките уметности; квир перформанси; почетоците на родовите студии и теорија; политички настап; фестивалот за квир уметности, култура и теорија – дел од Скопскиот викенд на гордоста.
Фокусирајќи се на практиките кои критички ја активираат нестабилноста на идентитетите, оваа изложба прикажува квир перформанси кои:
1. Ги демистифицираат општествените норми, нормалноста и буржоаскиот морал на машкиот субјект како историски ефекти на исклучувачките практики
2. Пристапуваат кон родот како социјална конструкција наместо природна претпоставка
3. Сексуалноста ја читаат како можност за антагонистичка политика
4. Пристапуваат кон телото како отворено, динамично и релационо, тело кое се спротивставува преку политичките перформанси, тело кое се бунтува и покажува солидарност, истовремено мобилизирајќи ја својата ранливост.
Како и телата што се дел од оваа архива, како и просторите што ги создаваат и световите што ги градат, оваа архива е перформативен настан и е „отворена историја“. Ви благодариме што нè почестивте со вашето присуство и се надевам дека ќе уживате во шоуто – изјави Фрчкоски.
Посетителите уживаа во музика на македонските Евреи од Битола кои емигрирале во Њујорк и веќе четврта генерација ја развиваат својата култура во Соединетите држави од пред, предводени од маестро Даниел Елијас, ансамбл „Ладино“ и во селекција од најдобрите македонски вина!