Емофилија: проблемот на избрзаното вљубување

Сите познаваме некој или неколку лица кои на почетокот на секоја релација се убедени дека го пронаше вистинскиот/та и избрзуваат со романтичните чувства.

Доктор Даниел Џонс, професор по психологија е автор на терминот “емофилици” и за Гардијан објаснува зошто е тоа прилично проблематично.

-Па, добро. Односно не е добро. Ги познавате луѓето кои постојано се заљубуваат и велат дека го нашле „вистинскиот“, за потоа да го започнат истиот циклус одново со некој друг? Тоа е емофилија. Тие постојано „бараат наплив на романтични емоции, непосредни романтични врски и брз развој на романтична љубов“, вели Џонс.

Како негативни аспекти ги наведува игнорирањето на црвените знаменца и впуштање во небезбеден секс поради илузија маскирана како „чувство на доверба, посветеност и длабока меѓучовечка врска“.

Искуството на Џонс покажува дека луѓето со висока емофилија се посклони да се лажат себеси за природата на партнерот, да лажат во негова/нејзина коридт и да го покриваат партнерот, дури и ако штотуку го запознале.

Дали има некој совет за емофиличари?

„Оние кои добро се продаваат на почетните состаноци и се претерано љубезни и шармантни понекогаш имаат агенда и ќе го искористат тој наплив на возбуда за подоцнежна експлоатација. Со други зборови, бидете трпеливи и дајте им шанса на луѓето кои можеби на почеток изгледаат здодевни. Дајте ни шанса”, вели тој.

Back to top button
Close