Ердоган допатува во Белград

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, вечерва допатува во посета на Србија каде беше поречекан од српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој ќе разговара со највисоките државни претставници на Србија и ќе учествува на бизнис форумот на двете земји.

Работниот дел од посетата започнува утре. По свечениот прием пред Палатата Србија, Ердоган најпрвин ќе разговара со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, а потоа заедно ќе присуствуваат на четвртата седница на Високиот совет за соработка меѓу Србија и Турција и на потпишувањето на договорот за соработка, јави Бета.

Во текот на попладневните часови Ердоган заедно со Вучиќ ќе присуствува и на бизнис форумот Србија-Турција.

За време на посетата на Ердоган на Белград треба да се потпишат повеќе документи – меморандуми за разбирање и соработка меѓу Србија и Турција.

Претседателот на Турција допатува во Белград по кратката посета на Тирана. з

Back to top button
Close