ЕСМ со детали: Имаше дефект, до вечер ќе се користи набавена енергија, кога блокот ќе биде вратен на мрежа

По повод дефектот на РЕК Битола, од утринава, преку писмен став се огласија и од ЕСМ.

„Заради дефект во котелот на Блок 1 за кој не постоеше никаква можност да биде саниран додека постројката е во функција, синоќа во 3 часот Блок 1 е исклучен од електроенергетската мрежа на државата. Станува збор за планско исклучување на блокот со цел санација на скинатата цевка што се смета за лесен испад на постројката“-велат од ЕСМ во соопштението.

„Се очекува дефектот да биде саниран до вечерните часови и блокот да биде вратен на мрежа.

Се работи и на оспособување на Блок 2 кој беше во ремонт и се очекува и оваа постројка да биде на мрежа до крајот на неделава.

Во меѓувреме АД ЕСМ ги задоволува потребите од останатите капацитети, како и со набавена електрична енергија, како резерва при вакви куси испади“-додаваат во соопштението.

Back to top button
Close