ЕУ: Руската закана за прекинување на дипломатските односи со Бугарија е неоснована

Европската Унија изразува жалење за неоснованата закана од страна на Руската Федерација за прекин на дипломатските односи со Бугарија како одговор на одлуката на официјална Софија, која е во целосна согласност со меѓународното право, за протерување на 70 вработени во руската амбасада кои дејствувале спротивно на Виенската конвенција за дипломатски односи, рече портпаролот на Европска служба за надворешно дејствување (ЕЕАС)

– Во овие околности, Европската унија целосно ја поддржува и стои во солидарност со Бугарија и внимателно ќе го следи ова прашање, истакна портпаролот, пренесува БГНЕС.

Ваквиот непропорционален чекор на Русија само дополнително ќе ја изолира на меѓународно ниво, оценува претставникот на ЕУ.

Back to top button
Close