Еваристе Ндајишимије избран за претседател на Бурунди

– Кандидатот на владејачката партија Национален совет за одбрана на демократијата во Бурунди, Еваристе Ндајишимије победи на претседателските избори, објави денеска Изборната комисија.

Ндајишимије освои 69 отсто од гласовите во првиот круг од претседателските избори што се одржаа на 20 мај.

Ндајишимије (52) ќе стапи на должност во август, како наследник на сопартеиецот Пјер Нкурунзизе, кој е претседател од 2005 година.

На изборите учествуваа седум кандидати, а гласаа над четири од вкупно 11 милиони жители на Бурунди.

Лидерот на опоизициската партија Национални сили за ослободуцање Агатон Рваса доби 24 проценти од гласовите. Рваса тврди дека изборите се нерегуларни поради кражба на гласови.

Back to top button
Close