Европрајд: Парада ќе има и покрај забраната

Образложението на српските власти за забрана на парадата нема цврста основа, со оглед на тоа што во Белград од 2014 година досега се одржуваат Прајд-паради секоја година, без инциденти

Европрајд-парадата во Белград ќе се одржи и покрај забраната од страна на властите, најавуваат организаторите. Маршот ќе се одвива по скратена рута.

И покрај забраната од страна на српското Министерство за внатрешни работи, попладнево во Белград ќе се одржи парадата во рамките на Европрајд. Прошетката ќе се одвива по скратена реалција, соопшти координаторот на парадата, Горан Милетиќ.

Српските власти ја забранија парадата на ЛГБТК-движењето поради безбедносни причини. Организаторите поднесоа тужба, која беше отфрлена од страна на Управниот суд. Судот оцени дека тужбата е несонована и ги отфрли тврдењата дека претходно пресудил оти забраната за пешачење е дискриминација. Судот на својата веб-страница денеска наведува дека е утврдено оти по повод јавното собирање (прошетка) постои опасност од насилство, уништување на имот или други облици на нарушување на јавниот ред и мир, што е еден од основите за забрана за собирање пропишани со закон.

Образложението на српските власти за забрана на парадата нема цврста основа, со оглед на тоа што во Белград од 2014 година досега се одржуваат Прајд-паради секоја година, без инциденти. Овојпат, уште на крајот на август српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека е можно откажување на манифестацијата. Вучиќ се обидува сѐ повеќе да се доближи до Српската православна црква. Десничарски екстремисти и свештенички кругови во текот на изминатите недели во Белград организираа таканаречени „процесии“ против Прајд.

Забраната на Европрајд-парадата од страна на српските власти предизвика огорчени реакции во меѓународни рамки. Европрајд е паневропска манифестација која се одржува секоја година од 1992-та во друг европски град. Повеќе европратеници и други европски политичари најавија дека ќе учествуваат на парадата. Ополномоштеникот на германската влада за квир-лицата, Свен Леман, изјави дека е „среќен што парадата ќе се одржи“ и го критикуваше српското раководство поради тоа што „не се става секогаш јасно на страната на човековите права

Back to top button
Close