Европска агенција алармира дека 90% од градското население вдишува енормни нивоа на отровни супстанци
Загадувањето на воздухот предизвикува смрт на повеќе од 1.200 малолетници во Европа годишно, проценува Европската агенција за животна средина (ЕЕА) во извештај објавен денеска.
– Децата се особено ранливи на загадувањето на воздухот, од моментот кога се во утробата до полнолетство – забележа агенцијата со седиште во Копенхаген.
Оттаму додаваат дека лошиот воздух исто така ги става децата во поголем ризик од хронични болести во зрелоста.
Загадувањето треба да се решава од изворот, се залагаат експертите на агенцијата, велејќи дека емисиите од сообраќајот, индустријата и греењето мора побрзо да се намалат.
Една од практичните мерки за кои се залагаат е подобрување на квалитетот на воздухот во близина на училиштата и градинките, на пример преку создавање повеќе зелени површини.