Европски ден на парковите: Здрави паркови, здрави луѓе

– Денеска е Европски ден на парковите, кој се одбележува од 1999 година како иницијатива на Федерацијата на европски национални паркови, во спомен на прогласувањето на првите национални паркови во Европа во Шведска.

Бројни заштитени подрачја низ цела Европа, но и во регионот, го користат 24 мај како покана кон посетителите да се вратат во парковите.

-Парковите играат голема улога во во зачувувањето на здравјето на луѓето. Престојот во природа е неопходен за човекот ја обнови својата физичка и ментална енергија, а заради континуирано урбанизирање, од големо значење е да се создадат повеќе можности граѓаните да престојуваат во природа, велат од Светски фонд за природа (ВВФ).

Извршниот директор на парковите „Динариди“, Зоран Мрдак, ги поканува посетителите на заштитените области да покажат посебна почит кон природата, вработените во заштитените подрачја, како и на другите посетители во наредните месеци.

-Покрај почитувањето на општите мерки пропишани од националните и локалните власти, почитта може да се постигне со детално планирање на посети, избегнување на ризични активности во паркот, како и одржување физичко растојание на најпосетуваните природни атракции. Особено би сакал да ја истакнам потребата за одговорен однос кон природата преку принципот – „Не оставам ништо зад себе“, односно со отстранување на отпадот на пропишан начин, посочува Мрдак.

-Само зачуваните паркови и заштитените подрачја ќе продолжат да даваат бројни екосистемски услуги, кои вклучуваат придобивки за здравјето на луѓето. Затоа, потребно е да се обезбеди нивно соодветно финансирање, кое потоа ќе биде насочено кон подобрување на управувањето со парковите и развој на одржливи активности. Една од можните активности е секако образованието, затоа што парковите се еден вид надворешна училница, што овозможува физичко растојание во ситуација кога сè уште е потребно да се почитуваат мерките за зачувување на јавното здравје, порача директорот на програмата на Светски фонд за природа за заштитените подрачја Марко Пецаревиќ.

Светски фонд за природа е една од најголемите, глобално признати, независни организации вклучени во заштитата на природата и има активна глобална мрежа во повеќе од 100 земји. Мисијата на ВВФ е да се запре уништувањето на животната средина и да се создаде иднина во која луѓето живеат во склад со природата со зачувување на биодиверзитетот во светот, одржливо користење на природните ресурси и намалување на загадувањето и прекумерната потрошувачка, велат од Светски фонд за природа во Македонија.

Back to top button
Close