Европските демократи го прашаа Вучиќ дали се плаши од снимките од протестите

Европската демократска партија (EDP) објави делови од истражувањето на БИРН (BIRN) за попречувањето на сателитскиот навигациски систем над Србија за време на протестите и го праша претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дали „се плаши од снимките од воздух“ поради големиот број луѓе на улиците.

EDP се повика на текстот под наслов „Кој го омета GPS-от над Србија: Лажни сигнали соборуваа дронови, на авионите им даваа погрешни локации“, кој БИРН неодамна го објави, а во кој се обработуваат сомнителни случаи на слетување дронови и манипулација со сателитските сигнали, до што главно доаѓаше за време на големите студентски и граѓански протести, како оние на 15 март 2025 и 23 мај 2026 година во Белград.

Истражувањето што го спроведе БИРН идентификуваше повеќе од 25 случаи на попречување на сателитскиот навигациски систем на територијата на Србија, речиси секогаш за време на студентските протести“, се наведува во објавата на оваа група во Европскиот парламент на Икс (X).
EDP наведува дека „за време на протестот на 23 мај на Славија, лажните сигнали наводно принудиле десетина дронови да слетат, додека слични пречки претходно испраќале погрешни податоци за локацијата и до комерцијалните авиони“.

За некои случаи на мешање било утврдено дека потекнуваат од извори во Србија, додека надлежните органи одбиле да ѝ ги направат достапни на јавноста сите релевантни извештаи и податоци, се додава во објавата.

„Дали Александар Вучиќ можеби се плаши од снимките од воздух, особено кога тие прикажуваат улици полни со граѓани?“, праша EDP.

Партијата понатаму наведе дека „манипулацијата со сателитските сигнали може да ги загрози леталаaтa и луѓето на земјата, а таа работа секако не можат да ја вршат аматери“.

„Во одговорна земја, независна истрага веќе би утврдувала кој ја користел оваа технологија, по чие овластување и зошто на јавноста и понатаму ѝ се одземаат одговорите“, се заклучува во објавата на EDP.

Back to top button
Close