Европските држави го намалуваат ДДВ-то на туризмот, Турција најмногу
– Единаесет европски држави одлучија привремено да го намалат ДДВ-то на туристичките услуги со што сакаат барем привремено да му помогнат на туристичкиот сектор, што е меѓу најпогодените од пандемијата на коронавирусот, пишува хрватскиот портал пари.хр.
Според Европската асоцијација на хотели, ресторани и угостителски објекти (HOTREC), и Турција и Грција, меѓу другите, одлучиле да го направат истото, но засега меѓу нив не е Хрватска.
Турција одлучи, во периодот од 1 април до 30 ноември 2020 година, да го намали ДДВ-то во хотелскиот сегмент од веќе ниските осум отсто на само еден процент, што е најнизок ДДВ во кој било туристички сегмент во Европа.
Грција го намали ДДВ-то од 24 на 13 проценти во сегментот на услуги за безалкохолни пијалоци, а од хотелиерството од 13 на само пет проценти.
Во Хрватска, пак, туризмот во моментот се оданочува по две стапки – 25 и 13 проценти, од кои намалената стапка беше воведена дури неодамна, исклучиво за сегментот на подготовка и сервирање храна и десерти надвор од рестораните. сд/