Фактор. бг: Сите проблеми меѓу Скопје и Софија почнуваат по предлогот Орце Камчев да стане почесен бугарски конзул во Охрид

Бугарскиот аналитично-информативен електронски весник Фактор во своето денешно издание објавува критички осврт за улогата на бизнисменот Орце Камчев во односите меѓу Скопје и Софија и за неговите врски и конекции со високи политички и безбедносни структури во Бугарија.

Тимот на Фактор бил поттикнат да направи анализа за ангажманот, контактите и врските на Камчев по објавувањето на неговото име на американската „црна листа“. Сметаат дека решението на Министерството на финансии на САД  да го стави на списокот за санкции најбогатиот македонски бизнисмен отвора многу прашања и дилеми, не само во Северна Македонија, туку и во Бугарија, бидејќи токму Камчев во 2019 година од тогашната шефица на бугарската дипломатија Екатерина Захариева бил предложен за почесен конзул на оваа држава во Охрид.

„Неофицијално, тогаш се тврдеше дека зад идејата на Камчев да стане почесен конзул на Бугарија во Северна Македонија стојат министрите на надворешни работи и за одбрана Екатерина Захариева и Красимир Каракачанов, но таа идеја беше отфрлена од Кабинетот на Заев бидејќи против Камчев во истиот период се водеше истрага за повеќе кривични дела“,пишува софиски Фактор.

Фактор прави ретроспектива на делата за кои Камчев беше осомничен. Го нарекуваат „касиерот на Груевски и Мијалков“ а посочуваат дека за случајот „Империја“ за кој беше обвинет, тој пред судот самиот признал вина, по што му е намалена затворската казна.

Потсетуваат и на случајот „Рекет“, во кој поради поткупот кој го барале од него во затвор завршија шефицата на СЈО Катица Јанева, шоуменот Боки 13 и Зоран Милевски-Кичеец.

„Снимките од нивните разговори и преговори за поткупот ги објавува италијанскиот весник „La Verita“ кој е со нејасно финансирање, но се претпоставува дека зад него стои капиталот на поранешниот макеоднски премиер Никола Груевски кој со помош на унгарските служби во 2018 година избега во Бугарија“,пишуваат од Фактор.

За нив е интересно дека за случајот „Рекет“ во некаква форма на заштита на Камчев, се јавуваат бугарски линии, меѓу кои една од главните улоги, според нив, има и лидерот на бугарското ВМРО Красимир Каракачанов, особено со интервјуто дадено за порталот Инфомакс, кој според Фактор е проруски сајт.

„Тоа е лесно проверливо, бидејќи Каракачанов за овој случај зборува во интервју Инфомакс, а разговорот кој што го имаат со него е на нивно нивно барање. Интересно е како прорускиот сајт Инфомакс, познат по својата антибугарска реторика и Красимир Каракачанов се обединуваат во одбрана на Орце Камчев. А пак Бранко Геровски (сопственик и главен уредник на Плусинфо) објавува дека снимките од аферата Рекет се добиени од служба на соседна пријателска држава, алудирајќи на Бугарија“,посочуваат од весникот.

За нив е интересно дека за случајот „Рекет“ во некаква форма на заштита на Камчев, се јавуваат бугарски линии, меѓу кои една од главните улоги, според нив, има и лидерот на бугарското ВМРО Красимир Каракачанов, особено со интервјуто дадено за порталот Инфомакс, кој според Фактор е проруски сајт.

„Тоа е лесно проверливо, бидејќи Каракачанов за овој случај зборува во интервју Инфомакс, а разговорот кој што го имаат со него е на нивно нивно барање. Интересно е како прорускиот сајт Инфомакс, познат по својата антибугарска реторика и Красимир Каракачанов се обединуваат во одбрана на Орце Камчев. А пак Бранко Геровски (сопственик и главен уредник на Плусинфо) објавува дека снимките од аферата Рекет се добиени од служба на соседна пријателска држава, алудирајќи на Бугарија“,посочуваат од весникот.

Од аспект на политиката, за Фактор буди интерес и релацијата на несудениот бугарски конзул со лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски од аспект на нивната блискост, а во корелација со ставовите на Мицкоски, кој според нив, изминатата година „го плаши народот со ‘бугарски диктат’, ‘бугарски фашизам’ и ‘бугарско негирање на идентитетот’ и е против влезот на Бугарите во македонскиот Устав.

Во тој контекст, за бугарскиот медиум е нејасна таа врска бидејќи според нив, Камчев е човекот кој ги поддржал клубовите на Бугарите во Македонија и особено „Иван Михаилов“ од Битола, обезбедувајќи им канцеларии во зградата на Стопанска банка-Битола. Тие особен акцент му даваат на цитат од протечените снимки на Камчев во кои како што велат, тој демонстрира силно чувство за влијание во Бугарија преку кое може да гаѓа кон Македонија.

„Ќе пуштам од Бугарија како Ким Јонг. Па тепајте се во Македонија. И ќе иде се у п…у матер. И ќе дојде Мицкоски. И шо праиме после? Треба крв до колена? Не се научија дека 30 години најпаметни Љупчо и Бранко испаднаа и после седнаа се договорија, така беше?”,цитираат делови од протечените аудио снимки од Фактор.

Имајќи ги предвид овие факти, електронскиот весник ја отвара дилемата околу тоа чија е идејата за влез на Бугарите во македонскиот Устав, тврдејќи дека оние што се запознаени со ова прашање тврдат дека уште во 2001 година, за време на потпишувањето на Охридскиот договор, Бугарија го одбила предлогот од тогашна политичка гарнитура во Република Македонија да ги впише македонските Бугари во највисокиот законодавен акт.

„Во својата неодамнешне изјава, шефот на македонската дипломатија Бујар Османи истакна дека од висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ за прв пат чул дека решението на проблемите со Република Бугарија е во влезот на македонските Бугари во Уставот. Оттука произлегува логичното прашање – чија е идејата, ако се знае дека таа произлезе од една средба (одржана на 22.07.2021 година) меѓу претседателот на Граѓанско демократската унија ГДУ Петар Колев и поранешниот бугарски технички министер за надворешни работи Светлан Стоев – или всушност е поврзана со ВМРО-ДПМНЕ и бугарската врска на Орце Камчев? Тоа веројатно е направено со одредена цел, но е опишано во дел од цитатот од записот на Орце Камчев: ‘И ќе дојде Мицкоски’,ја поставуваат дилемата од Фактор.

 

Оттаму посочуваат дека не може ниту да се замисли во колку конфузна ситауција би се нашла Бугарија денес ако пред неколку години станел нејзин почесен конзул.

„Иако со ограничен дипломатски имунитет, тоа дома ќе му помогнеше да го избегне затворот, а на меѓународен план ќе беше дамка за бугарската дипломатија и за нашата политичка елита. Сите проблеми со македонската влада на Заев всушност почнаа оттаму и се одразија на односите меѓу Бугарија и Северна Македонија, а Бугарија ја загуби својата лидерска улога на Западен Балкан водејќи бесконечни историски спорови“,се вели во анализата.

Тие бараат бугарските власти во рамки на своите надлежност да ги преиспитаат конекциите, односите и улогите на лица од политиката, бизнисот и од сите општествени сфери на влијание за да се стаса до одговори на низа прашања кои ги засегаат граѓаните.

Најпрво, дали Красимир Каракачанов ги искористил своите врски со поранешниот министер за одбрана Бојко Ноев за преку него на претседателот Румен Радев да му биде наметната идејата за влез на македонските Бугари во македонскиот Устав, потоа дали Ванчо Јанакиевски, еден од основачите на бугарскиот клуб „Цар Борис“ од Охрид е агент на УДБА, под кодно име ЗОРКА и исто така да се одговори на прашњето, според која логика бугарската држава за почесен конзул во Македонија предложила личност која финансира и има влијание врз политичка формација која негува антибугарска идеологија и ја блокира интеграцијата меѓу двете земји.

Конечно, според Фактор, бугарските специјални служби треба да ги проверат гласините дека за да биде предложен за почесен конзул, Орце Камчев платил 15 милиони американски долари.

 

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close