ФАО предвидува дека оваа година увозот на храна ќе достигне рекордни 1,8 билиони долари

Вредноста на увозот на храна годинава ќе достигне рекордни 1,8 билиони долари поради цените што и покрај почакувањата се уште не ги надоместуваат трошоците на земјоделците, предупреди денеска Агенцијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО).

Споредбено со минатата година вредноста на увозот ќе се зголеми за 2,9 отсто или 51 милијарда долари, а дури 49 милијарди од тој износ отпаѓа на покачените цени на храната, наведува ФАО.

„Со оглед на остриот пораст на цените на инпутите, временските проблеми и зголемената несигурност на пазарот поради војната во Украина, најновата прогноза на ФАО сигнализира веројатни ограничувања во снабдувањето со храна и нов рекорден трошок за увоз”, објасни Упали Галкети Арачилаџ, економист на ФАО.

Високите цени обично се добра вест за производителите бидејќи носат поголем профит, но во актуелниот случај тие се надминати со зголемените трошоци за влез поради повисоките цени на енергијата и ограничувањата на извозот на клучните ѓубрива од големите производители, предупредува ФАО.

Доколку потрае, таквата состојба ќе го загрози брзото и ефикасно зголемување на производството.

Индексот на цените на инпутот на ФАО го достигна своето историски највисоко ниво, а изминатите 12 месеци надминат е и растот на индексот на цените на храната на ФАО.

Тоа покажува дека реалните цени за земјоделците се всушност ниски независно што потрошувачите плаќаат повеќе, состојба што делува дестимулирачки за интензивирање на производството во иднина, објаснуваат од ФАО.

Сегашната ситуација не навестува позитивни реакции во производството, чие зголемување е предуслов за спречување на натамошниот раст на цените на храната во сезоната 2022/2023 и по неа, заклучуваат во ФАО

Back to top button
Close