Фатен е притвореникот кој утрово избега од пред Кривичниот суд, се криел во јама кај МНР

Притвореникот, кој утрово избега од пред Кривичниот суд, набрзо бил фатен, во близина на МНР, појаснува Филип Андонов, директорот на затворот „Скопје“.

-По кратка потера, во кординација со МВР, обвинетиот бил фатен, и однесен во станицата Беко. Тој бил со лисици на рацете, а пред судот турнал еден од чуварите и избегал. Набрзо бил најден во јама, во близина на МНР, изјави Андонов за „Фокус“.

Имено се работи за обвинет кој бил спороведен во судот на рочиште по предмет поврзан со кривичното дело – Криумчарење мигранти.

Back to top button
Close