ФБИ уапси републикански кандидат за гувернер поради учество во немирите во 2021 година.


Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) денеска го уапси кандидатот на Републиканската партија за гувернер на Мичиген, Рајан Кели, поради учество во немирите на 6 јануари 2021 година.

Портпаролката на ФБИ Мара Шнајдер изјави дека Кели е уапсен во западен Мичиген.

Кели, еден од петте републикански кандидати, е обвинет бидејќи ги охрабрувал насобраните за време на нередите пред Капитол.

Тој се кандидираше за предизборите на Републиканската партија на 2 август. Изборниот штаб на Кели засега нема коментар. з

Back to top button
Close