Фетел ќе ја бојкотира трката во Русија се разбудив и бев шокиран од војната

Раководството на Формула 1 соопшти претходно денеска дека „внимателно ја следи состојбата“, но не прецизираше дали ќе ја откаже трката во Русија, која е на програмата на 25 септември во Сочи.

– Утрово се разбудив шокиран од вестите. Мислам дека е ужасно да се гледа тоа што се случува. Кога ќе го погледнeтe календарот на натпреварувања во Формула 1 во него имаме трка во Русија, но јас нема да одам таму. Мислам дека е погрешно да се тркаме во таа земја – изјави возачот на Астон Мартин, Фетел.

Back to top button
Close