ФФМ изрази сочувство по повод смртта на младиот фудбалер Асани

– Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) изрази попладнево сочувство по повод смртта на младиот фудбалер на ФК Куманово, Аган Асани (13), кој го загуби животот во сообраќајна несреќа што во четвртокот вечер се случи во атарот на селото Черкези.
„Со голема тага ја примивме веста за загубата на нашиот фудбалер, Аган Асани. Неговото заминување остави огромна болка кај соиграчите, тренерите и целото семејство на ФК Куманово. Изразуваме искрено сочувство до семејството Асани. Аган засекогаш ќе остане во нашите срца“, објави попладнево ФФМ.
Според информациите од Министерството за надворешни работи, несреќата била пријавена на 28 мај околу 21:10 часот. Во неа учествувале патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.С. (24) од Куманово, и електричен тротинет управуван од 13-годишник од селото Черкези.
По судирот, малолетникот итно бил пренесен во Општата болница Куманово, каде што лекарите констатирале смрт.
Набрзо по несреќата, возачот на автомобилот бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Куманово.






