Филипче: Ако е можно Зибери ќе биде сменет уште денеска

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека уште денеска ќе го разреши директорот на центарот за јавно здравје Скопје, д-р Зибери, кој денеска на фејсбук се пофали дека влијаел на пдлуката на Комисијата за заразни болести да препорача отварање на  границите без тестови.

 

– Ја видов изјавата, а невистина е дека директорот Зибери е член на Комисијата за заразни болести – изјави Филипче и додаде дека станува збор за лоша предизборна реторика.

Зибери е втор на листата на кандидати за пратеници на ДУИ во првата изборна единица и роднина на Насер Зибери, кандидатот на ДУИ за премиер. Тој на Фејсбук напиша и дека укинувањето на тестирањето и 14-дневната изолација за иселениците е направено благодарение на придонесот на ДУИ во здравствените политики на владата.

„Добредојдовте иселеници. Родното место ве чека. Сега можете да си дојдете дома без тестови и 14-дневна изолација, благодарение на нашиот придонес во здравствените политики на владата. Јас како член на Комисијата за заразни болести и другите членови помогнавме да се отворат границите и луѓето да се движат слободно без протоколите препорачани од СЗО. Зошто да не, дојдете дома за Албанец премиер“, вели Зибери

Back to top button
Close