Филипче: Ќе се разгледува можно воведување на карантин за одредени општини

„Ќе ги анализираме бројките и во следните денови, во текот на викендот и врз основа на тоа ќе ги носиме одлуките“, рече Филипче.

Најкритично, според него е во општините Сарај, Чаир, Гази Баба и Аеродром.

Министерот изрази незадоволство од неспроведување на владините мерки во некој градови и општини, со посебен акцент на Тетово и Штип, кадешто инспекциските контроли утврдиле повеќе неправилности. Како што кажа тој, во Тетово потфрлила примената на мерките за лична заштита, како и почитување на рестриктивните мерки, додека во Штип имало пропусти во организираниот превоз на работници.

Загрижувачки за здравствените власти е тоа што новиот бран позитивни случаи се заразиле токму во периодот кога во сила беа строгите рестриктивни мерки.

Back to top button
Close