Филипче: На есен се очекува уште посилен удар на короната
Министерот за здравство, Венко Филипче на есен очекува поголем замав на коронавирусот во земјава, за што, како што кажа на денешната прес конференција се вршат консултации и координации со раководителите на медицинските центри во земјава за подготовки на медицинските капацитети за есенскиот период.

„Според сите анализи и предвидувања останува претпоставката дека на есен вирусот побрзо и посилно ќе се шири и нема да може луѓето да бидат надвор, ќе бидат повеќе во затворени простории“, рече Филипче.