Филипче: Во најтешките моменти, кога државата се соочуваше со предизвиците на независноста, Глигоров направи историски чекори

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, напиша статус во чест на Киро Глигоров, првиот претседател на самостојна и независна Македонија, кој почина на денешен ден пред 13 години.

Денеска се сеќаваме и оддаваме почит на првиот претседател, Киро Глигоров.

Неговите вредности и државничките одлуки оставија траен белег во нашето општество и претставуваат патоказ за идните политики за напредок и просперитет на државата.

Претседателот Глигоров е симбол на мудрост и визионерство, и неслучајно многумина го нарекуваа „Таткото на нацијата“. Во најтешките моменти, кога државата се соочуваше со предизвиците на независноста, тој направи историски чекори кои беа важни за иднината на државата.

Глигоров веруваше во силата на дијалогот и помирувањето – вредности кои се подеднакво важни и денес, кога треба да продолжиме да работиме на заедничката иднина на државата.

Ние, како генерација, сме должни да ја продолжиме неговата визија за напредна и демократска Македонија, да ги надминеме сегашните предизвици и да изградиме подобра иднина за сите наши граѓани.

Вечна му слава!

Back to top button
Close