Физичка пресметка меѓу две семејства завршила со престрелка, приведени десет лица

Полициски службеници во Полициска станица Ѓорче Петров вчера привеле десет лица по физичка пресметка меѓу две семејства од селата Буковиќ и Раовиќ, во Општина Сарај која завршила со престрелка и еден повреден со прострелни рани.

Лицата биле приведени, постапувајќи по пријава според која во 20:45 часот во село Буковиќ настанало нарушување на јавен ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ј. А. (22) и С. А. (27), двајцата од село Раовиќ, од една страна и И. П. (57) и Р. П. (30), двајцата од село Буковиќ, од друга страна.

– Потоа истите отишле во Градска општа болница „8 Септември“ за санирање на повредите. Околу  21:20 часот неколку лица од фамилијата на Ј. А. и С. А. од село Раовиќ дошле во дворот на фамилијата на И. П. и Р. П. и испукале повеќе проектили кон Љ. П. (25), син на И. П., кој се здобил прострелна рана во ногата и е пренесен во ГОБ „8 Септември“, информираат од МВР.

Приведените лица се задржани во полициска станица и се работи на целосно расчистување на случајот.

Back to top button
Close